Економија

РИМ ИМА ВТОР НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ВО ЕУ, НО Е „ЧЕСЕН“ ДОЛЖНИК, Италија плаќа повеќе камати од Франција и Германија заедно

За Италија постои неизбежна потреба за намалување на огромниот јавен долг, а трошоците за сервисирање на долговите на земјата се многу поголеми од соседните држави, предупреди италијанскиот претседател Серџио Матарела, на економскиот форум во Теха.

- Италија е чесен должник, со 30 годишна историја, со јавен долг кој се зголеми од 1992 година, главно поради плаќање на каматите, изјави Матарела.

Висината на јавниот долг на Италија е втор по големина во еврозоната, а министерството за финансии предвидува дека ќе порасне на 140 отсто од БДП до 2026 година.  Италијанскиот долг изнесувал 2,9 милијарди евра во 2023 година, а Рим плати нешто помалку од износот за  каматите што заедно ги платиле Германија и Франција, пренесува „Фена“.

Италија и Франција и другите земји кои се под  мониторинг на Европската Унија за прекумерниот дефицит, мораат до Европската комисија да достават нацрт на буџетски планови за намалување на нивото на дефицитот и на долгот. Италија треба да го намали својот структурен буџетски дефицит  за 0,5 или за 0,6 отсто од БДП секоја година. Италијанската влада го претстави палнот за намалување на буџетскиот дефицит на три отсто до 2026 година, објави „Бизнис.ба“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано