Економија
СРПСКАТА ЕКОНОМИЈА РАСТЕ ПОБРЗО ОД ЕКОНОМИЈАТА НА ЕУ, подобар раст од Србија во последните години има само Турција
08.09.2024
Србија е на врвот на Европа по растот на бруто домашниот производ во последните седум години, нејзиниот БДП расте за 2,5 пати побрзо од економскиот раст на Европската Унија. Клучен фактор за високиoт економски раст е градежништвото, кое во последните години создава меѓу 5,5 и 6,4 отсто од српскиот БДП, се наведува во анализата на Институтот за политика и економија на југоисточна Европа (IPESE).
Од 2018 година националниот производ на Србија, според официјалните податоци на Меѓународниот монетарен фонд, е зголемен за вкупно 26,5 отсто, додека во ЕУ е зголемен за 10,2 отсто. За последните две години реалниот економски раст во Србија ќе биде за шест отсто повисок, а во ЕУ за само 1,7 отсто. Во земјите од ЕУ со најбрз раст е Полска со 1,5 отсто и Ирска со 1,2 отсто.
Повисок економски раст од Србија остварила само Турција, но во оваа земја има висока инфлација од 60 отсто и има највисока стапка на раст на цените во Европа, пишуваат српските медиуми денеска.
фото freepic