Економија
ГЕРМАНИЈА ЈА ЗГОЛЕМУВА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НА 12,82 ЕВРА ЗА РАБОТЕН ЧАС, претходното зголемување на платата не го следеше растот на инфлацијата
10.09.2024
Во наредните две години минималната плата за работниците во Германија треба да порасне до 15 евра за еден рабвотен час. Зголемувањето на минималната плата нужно произлегува од новиот закон во Европската Унија, а од тоа ќе имаат корист шест милиони работници, објаснува Хубертус Хајл, министер за труд во германската влада.
Сега, законскиот мининален износ за еден час работа е 12,41 евро во бруто износ. Од 1 јануари 2025 година минималецот ќе порасне на 12,82 евра за еден час. Во 2026 година минималната плата во Германија ќе изнесува меѓу 14 и 15 евра.
Зголемувањето на минималната плата не го следи растот на инфлацијата. Стапката на инфлација во Германија се намали на 1,9 отсто.
Прописите на ЕУ наложуваат минималната плата да изнесува 60 отсто од просечната плата во Германија. До 15 декември директивата на ЕУ мора да биде преточена во закон, пишува ДПА.
- Последното зголемување беше премногу ниско. Сега е време да се корегира тоа, вели Хајл.
Во Германија има 45 милиони вработени од нив 35 милиони имаат социјално осигурување, пренесува „Инвеститор.ме“.
фото freepic