Економија

КИНА ГО ЗГОЛЕМИ ТРГОВСКИОТ СУФИЦИТ СО САД

Трговскиот суфицит на Кина во размената со САД се зголеми на 33,81 милијарда долари во август годинава, а еден месец претходно тој изнесуваше 30,84 милијарди долари.

Кинескиот извоз во август се зголеми со најбрзо темпо  од пред 18 месеци, а увозот забележа незначителен раст.

Извозот на Кина минатиот месец се зголеми за 8,7 отсто во однос на претходната година. Во истиот период увозот се зголеми за 0,5 отсто. Силниот извозен ефект и трговскиот суфицит ќе го засили растот на економијата на Кина во третиот квартал, објави „Ројтерс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано