Економија

КИНА ПРЕГОВАРА ЗА ДА ГИ ИЗБЕГНЕ ВИСОКИТЕ ЦАРИНИ ЗА Е-ВОЗИЛА, Пекинг минатата недела покажа подготвеност да ги намали тензиите со Европската комисија

Кина го обнови својот предлог за разговори со Европската комисија за решавање на економските и трговските несогласувања за да се обиде да ги ублажи претстојните високи царини за кинеските електрични возила.

Во текот на понеделничкиот состанок со генералниот директор на Европската комисија за трговија во Брисел, заменик министерот за трговија Ли Феи изјави дека Кина е подготвена  да се вклучи во дијалогот и консултациите, се наведува во соопштението на нивното министерство.

Состанокот е одржан само еден ден по информацијата на „Ројтерс“ дека се очекува Европската Унија да ги намали своите предложени конечни царински тарифи за возилата Тесла и да направи благо намалување на стапките за другите кинески електрични возила.

„Кина е подготвена да продолжи поблиску да соработува со европската страна за постигнување на решенија кои ги исполнуваат заедничките интереси на двете страни и кои се во согласност со СТО, за да се промовира здрав и стабилен развој на економските и трговските односи меѓу Кина и ЕУ“, се наведува во соопшението на министерството.

Кина минатата недела покажа подготвеност да ги намали тензиите со воздржување од воведување на привремени антидампишки мерки за увозот на ракија од Европската Унија.

Европската комисија би требала да гласа во октомври за воведување на дополнителни царини на електричните автомобили од кинеско производство покрај стандардните увозни тарифи од десет отсто, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано