Економија

ФЕД ПРЕД „ЗЕЛЕНО“ СВЕТЛО ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, инфлацијата во САД во август продолжи да се намалува

Годишната стапка на инфлација во САД во август се намали пет месеци по ред и достигна 2,5 отсто, објави американската Канцеларија за статистика на трудот (БЛС). Во јули инфлацијата во САД изнесуваше 2,9 отсто. Августовската инфлација е најниско ниво од февруари 2021 година и тоа ги надмина и очекувањата на аналитичарите од агенцијата Фекстет, која прогнозираше инфлацијата во август да изнесува 2,6 отсто.

Цените на енергентите во САД минатиот месец се намалија за четири отсто, поради падот на вредноста на бензинот за 10,3 отсто.

Цените на храната се зголемија за 2,1 отсто, а транспортот поскапе за 7,9 отсто.

На меесечно ниво инфлацијата во САД порасна за 0,2 отсто во споредба со јули, додека годишната стапка на базната инфлација стагнираше на 3,2 отсто.

Со овие податоци за инфлацијата во САД се поизвесно е дека централната банка ФЕД следната недела ќе даде зелено светло за намалување на каматните стапки, пренесува СНН.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано