Економија

Г20 СО СКРОМЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ, во вториот квартал со негативен раст се Јужна Кореја и Германија

Во вториот квартал годинава БДП на земјите од Г20 се зголеми за 0,7 отсто, а нивниот економски раст во првиот квартал изнесуваше 0,8 отсто. Кина, Индија и САД најмногу придонесоа за растот на Г20, иако Бразил и Саудиска Арабија забележаа најголема стапка на раст од 1,4 отсто, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).  

Кинеската економија порасна за 1,5 отсто. Растот на БДП на Индија забави од 1,7 отсто во периодот јануари-март на 1,3 отсто во април-јуни.

Јапонската економија забележи видлив напредок од минусните 0,6 отсто во првиот квартал на раст од 0,7 отсто во вториот квартал годинава.

САД имаа скромен раст на БДП од 0,4 во првиот на 0,7 отсто во вториот квартал.  

Јужна Кореја и Германија во вториот квартал имаат негативен раст од 0,2 и 0,1 отсто.

Во споредба со истиот квартал од претходната година БДП во групата 20 земји  се зголеми за 3,1 отсто во вториот квартал. Меѓу економиите од Г20, Индија забележа најголема годишна стапка на раст од 6,8 отсто во периодот април-јуни, Индонезија има раст од пет отсто. Јапонија забележа најголем пад од 0,9 отсто, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано