Економија

АМЕРИКАНСКИТЕ ГРАЃАНИ СЕ ПОРАСПОЛОЖЕНИ ЗА ТРОШЕЊЕ, потрошувачите во САД имаат подобри очекувања за своите финансии

Американските граѓани се порасположени за трошење, а тоа го покажува и индексот за расположение на потрошувачите во САД, кој порасна на 69 бодови на почетокот на септември во однос на августовскиот индекс од 67,9 бодови, објави Универзитетот во Мичиген.

Вредноста на индексот е највисока од мај годинава, а растот се должи на зголемување на купувањата на трајните добра поради пониските цени. Директорката за истражување на однесувањето на потрошувачите Џоан Хсу, изјави дека граѓаните на САД сега имаат подобри очекувања за состојбата на своите финансии, иако кај нив е присутна загриженоста за состојбата на пазарот на труд.

Вредноста на индексот, сега,  е за 40 отсто повисока од јуни 2022 година, што може да се препише и на предизборната атмосфера. Очекувањата за економијата се повисоки кај демократски ориентираните граѓани, а се намалува кај симпатизерите на републиканците.

Инфлаторните очекувања за идната година во САД се намалија на 2,7 отсто, што е најниско ниво од декември 2020 година, објави „Мина“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано