Економија

ХРВАТСКА СО ИСТОРИСКИ НАЈВИСОК КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ, агенцијата „Стандард и Пурс“ со најдобра оцена за хрватската економија

15.09.2024

Агенцијата „Стандард и Пурс“ во петокот го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Хрватска  од „BBB+“ на „A-“, со позитивни изгледи. Во новата оцена за Хрватска беше истакнато продлабочувањето на интеграциите со европските и глобалните партнери и спроведувањето на реформите, кои резултираат со пошироки институционални подобрувања.

Претседателот на Владата Андреј Пленковиќ изјави дека  оваа оцена е историска, бидејќи ова е првпат некоја реномирана агенција излегува со оценка „А“ проследена со позитивни изгледи.

- Со ова влеговме во групата земји со натпросечен кредитен рејтинг и донесовме нов квалитет на хрватската економија. Одговорната политика во управувањето со јавните финансии, намалување на јавниот долг, даночните олеснувања, напредокот во интегративните процеси ја подигна Хрватска за неколку степени повисоко, изјави Пленковиќ.

Подобрувањето на кредитниот рејтинг на Хрватска значи подобри услови за задолжување  на пазарите на капитал, поголема сигурност за инвестирање и отворање на нови работни места. БДП на Хрватска треба да се зголеми над 84 милијарди евра, а земјата има највисок економски раст од другите членки во ЕУ, со раст од 3,5 отсто, додаде Пленковиќ, пренесе „Пословни дневник“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО