Економија
ГРЦИТЕ СЕ ВТОРИ ПО СИРОМАШТИЈА ВО ЕУ, ЗАД НИВ СЕ БУГАРИТЕ! националната економија е за 19 отсто помалку од нивото во 2007 година
16.09.2024
Владата на Грција се обидува да ги истакне економските резултати кои се „повисоки“ од просекот на еврозоната, но граѓаните се наоѓаат на дното од листата, според реалната куповна моќ. Грчките медиуми информираат дека граѓаните стануваат се посиромашни, а економската состојба на населението често ја споредуваат со Бугарија, чии граѓани имаат ниска куповна моќ.
Подобрувањето на животниот стандард на Грците во споредба со просекот на Европската Унија е минимално и тоа не ја подобри многу состојбата како најсиромашна земја во еврозоната, пишува „Грик репортер“.
Во 2009 година БДП на Грција по глава на жител беше блиску до просекот на ЕУ. Но, од оваа година десет земји ја претекнаа Грција според животниот стандард. Грците сега се втори најсиромашни граѓани во ЕУ, за зад неа е само Бугарија. Економскиот јаз меѓу Грција и Бугарија се намалува, а овие предвидувања предизвикуваат жестоки дебати во грчката политичка сцена.
Грција помина низ тешка финансиска криза, а како резултат на тоа националната економија е за 19 отсто помалку од нивото во 2007 година. Во меѓувреме, економијата на ЕУ се зголеми за 17 отсто. Според најновите податоци на ОЕЦД, реалните плати се намалуваа до 2022 година, а сега се 30 отсто послаби во однос на нивото пред кризата.
Статистичките податоци за сиромаштијата во Грција се алармантни. Во 2023 година економијата пораснала за два отсто, но сиромаштијата не се намалила. Според ЕЛСТАТ, 26,1 отсто од граѓаните во Грција се во опасност од сиромаштија или од социјална исклучивост. Нивниот број во 2023 година е околу 2,6 милиони луѓе, а стапката на сиромаштија во 2022 година беше 26,3 отсто, пренесува „Инвеститор.ме“.
фото freepic