Економија

МИЦКОСКИ: ОЧЕКУВАМ НАРОДНА БАНКА ДА ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ, премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на работен доручек со претставници на Делегацијата на германското стопанство АХК

Повеќе од 100 менаџери на германски, македонски и други интернационални компании кои се лидери во стопанството во земјава денеска  учествуваа на деловниот појадок со премиерот Христијан Мицкоски што го организираат Делегацијата на германското стопанство АХК, дел од мрежата на германските комори во странство, и Македонско-германското стопанско здружение.

- Македонија има добри компании кои можат успешно да се вклучат во синџирот за снабдување за германската економија. За да се исполни оваа наша цел постојат повеќе предизвици, како што се постигнување на одржливост во производството, исполнување на стандардите и примена на зелена енергија. Ние сме отворени за соработка со новата Влада  и сме насочени кон зголемување на инвестициите на германските компании во Македонија, а можностите ги гледаме пред се во металопреработувачката индустрија, челикот, автомобилската индустрија и мехатрониката, изјави директорката на АХК, Антје Ванделт.  

Мирјана Симоновска Ќука, претседателката на Македонско-германското стопанско здружение,  информираше дека во нивното здружение следната година ќе слави 25 годишен јубилеј,   што значи и потврда  на нивната отворена соработка на 174 членки на АХК, кои низ годините им се приклучија на првите членки кои ја  препознаа потребата за соработка со локалните компании.

Премиерот Христијан Мицкоски  пред присутните стопанственици ја нагласи дека Владата настојува да гради партнерски однос со бизнис заедницата врз основа на како што рече „во рамките на законските можности“. Тој се осврна на добрите економски параметри во економскиот раст во вториот квартал и ниското ниво на инфлација, како и на добрите резултати во наплатата на даноците и царините.

- Очекувам и Народната банка да ги намали каматните стапки , како што тоа го направи и Европската централна банка и како што најавија и од ФЕД. Тоа ќе значи и поевтини кредити за стопанството, кое на располагање ќе ги има и средствата од половина милијарди евра од надворешниот кредит, рече Мицкоски.

Во обраќањето на деловниот доручек, премиерот Мицкоски, се наврати и на почетоците од пред 20 години  и воведувањето на мехатрониката во наставните програми на Машинскиот факултет, по која се школуваа 20 генерации на високобразовани студенти од Македонија, а кои сега се најбарани кадри во автомобилската индустрија. Премиерот Мицкоски го изрази и личното задоволство, што како млад асистент, учествувал во воведување на вештачката интелегенција во образовната програма на македонските факултети

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано