Економија

САД ПЛАНИРА ГОЛЕМИ НАБАКИ НА НАФТА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РЕЗЕРВИТЕ, еден бараел нафта на домашниот пазар се продава за помалку од 72 долари

Американската влада планира да купи до шест милиони барели нафта, за да ја искористи поволната цена  на пазарот, заради пополнување на стратешките резерви. Доколку се спроведе замислата околу набавките ова ќе биде највисокот ниво на пополнетост на државните резерви на САД.

Со овие набавки ќе бидат пополнети резервите бидејќи во 2022 година беа продадени 180 милиони барели, за да се обезбеди доволно количество на нафта на пазарот по одредувањето на плафонираната цена за нафтата од Русија. Американската влада ја продаде нафтата по просечна цена од 95 долари за барел и досега се дополнети повеќе од 50 милиони барели, соопштуваат од министерството за енергетика.

Резервите во сопственост на сојузните држави се чуваат во огромни подземни пештери на четири локации  на брегот на Мексиканскиот Залив.

Планираната цена за купување на новите резерви нафта била 79,99 долари по барел, но сега е одлучено да се искористи поволноста на пазарот, бидејќи еден бараел нафта на домашниот пазар се продава за помалку од 72 долари, пренесува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано