Економија
ИНВЕСТИТОРИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ГУБАТ ДОВЕРБА КОН ГЕРМАНИЈА, намалувањето на каматите од ЕЦБ не го смени деловното расположение
18.09.2024
Довербата на инвеститорите во германската економија дополнително се намали во септември годинава. Индексот на доверба, кој го пресметува Германскиот центар за европски истражувања (ZEW), се намали во однос на август од 19,2 бодови на 3,6 бодови.
Аналитичарите очекуваа многу помал пад и предвидуваа вредност од 16,6 бода. Овој индикатор силно падна и во август за 22,6 бода, што е најлош пад во последните две години, објави АФП.
- Надежта за подобрување на економските услови во блиска иднина е се помала. Падот е предизвикан со пониските очекувања за економскиот раст за целата еврозона, посебно за Германија, изјави Аким Вомбах, претседателот на ZEW.
Европската централна банка (ЕЦБ) минатата недела повторно интервенираше, за да се намали каматната стапла, но тоа не го подобри расположението кај инвеститорите.
фото freepic