Економија

БАЛКАНОТ СО ОДЛИВ НА РАБОТНИЦИТЕ ГУБИ 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Со иселувањето на високообразованиот кадар земјите од Балканот губат повеќе од четири милијарди евра, што влијае  и на бруто домашниот производ во земјите од регионот, покажало истражувањето на УНДП. Иселувањето долгорочно го загрозува економскиот раст и продуктивноста во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија.

Според податоците на Еуростат, до 2050 година населението на Балканот ќе се намали за повеќе од 15 отсто, поради ниската стапка на наталитет и масовната миграција. Резултатот од ова е стареење на населението и затоа се помалку работноспособни лица ќе мораат да издржуваат зголемен број на пензионери. Во Србија просечната староста на населението е 43 години, а во Хрватска веќе достигна 45 години.

Според податоците на Министерството за човекови права и бегалци во БиХ  во изминатите пет години, повеќе од 15.000 лица, главно висообразовани стручњаци, се вратиле во земјата низ разни програми за поддршка. Една од програмите е „Дијаспората во развој“, која е помогната од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка. Со нејзина помош неа се вратија експерти од дијаспората за  да се вклучат во развој на локалните заедници преку едукација и отворање на нови бизниси, објави „Бета“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано