Економија
ЈАВНИОТ ДОЛГ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ДОСТИГНА 100 ОТСТО ОД БДП
20.09.2024
Велика Британија минатиот месец се задолжила за 13,7 милијарди фунти и со тоа државниот долг достигна 100 отсто од бруто домашниот производ, објави денеска британската Канцеларија за национална статистика (ОНС).
Нето долгот на јавниот сектор на Велика Британија на крајот на август е проценет на 2,768 билиони фунти или 110 отсто од БДП, пренесува „Гардијан“.
Британскиот јавен долг порасна за 4,3 отсто во однос на минатата година и сега е на највисоко ниво од почетокот на шеесетите години од минатиот век.
Доколку се исклучи влијанието на стимулативната програма на Банката на Англија, јавниот долг на Велика Британија е помал и изнесува 2,546 билиони фунти, односно околу 92 отсто од БДП.
Британската министерка за финансии Рејчел Ривс ја разгледува можноста за промена на начинот на пресметување на долгот и да се исклучи влијанието на програмата на Банката на Англија. На овој начин таа ќе добие повеќе можности за планирање на буџетот на Велика Британија, пренесува „Политика“.
фото freepic