Економија

САД ДОДЕЛУВА ГРАНТОВИ ОД 3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ

Соединетите Американски Држави ќе доделат повеќе од три милијарди долари на домашните компании за да го поддржат производството на батерии за електрични возила (ЕВ) и на други материјали кои се користат во електричните автомобили, објавија денеска официјалните служби во Вашингтон.

Со овие средства ќе видат финансирани вкупно 25 проекти во 14 американски држави, пренесува АП.

Компаниите кои ќе добијат субвенции се поврзани со  преработувачка на литиум, графит или други материјали за батерии.

Вкупната вредност на американските инвестиции во јакнењето на синџирот за набавка на батерии за ЕВ и на домашната индустрија на критичните материјали изнесува речиси 35 милијарди долари.

САД сакаат да и конкурираат на Кина во оваа област и затоа ги помагаат индустриите и рудниците на литиум во Невада и Северна Каролина или фабриките за батерии за електрични автомобили во Мичиген и во Охајо, пренесува „Политика“.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано