Економија
ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА НЕМА ДА ГО РЕШИ НЕДОСТИГОТ ОД РАБОТНИЦИ ВО ЈАПОНИЈА, земјата има најбрзо темпо на стареење на населението и учеството на старите лица е најголемо во светот
22.09.2024
Бројот на Јапонците постари од 65 години достигна 36,25 милиони и претставуваат 29,3 отсто од вкупната популација. Овие податоци се загрижувачки затоа што демографските промени можат да имаат долгорочни последици за јапонската економија и општество. Јапонија се соочува со најбрзо темпо на стареење на населението и учеството на старите лица е најголемо во светот. Според проекциите на Националниот институт за истражување на населението и социјалната сигурност, учеството на старите лица до 2040 година може да достигне до 34,8 отсто.
Со стареењето на јапонското население се намалува работно способното население. До 2050 година работната сила во Јапонија може да се намали на 49,1 милион работници од 69,3 милиони минатата година. Јапонските компании веќе се соочуваат со притисокот од недостиг на работници, а најизразен е во угостителството, услужните дејности и преработувачката индустрија.
Јапонската влада презема низа мери за ублажување на негативните последици од демографските промени. Еден од приоритетите е зголемување на наталитетот прегу зголемување на додадтоците за чување на децата и изградба на нови градинки.
Јапонија во последните години се отвора кон имиграцијата, која историски гледано беше ограничена. Бројот на странските работници достигна рекорден број од два милиона во 2024 година, а во наредните пет години да се зголеми за нови 800.000 странски работници. Експертите проценуваат дека Јапонија треба да „увезе“ десет милиони странски работници за да ја одржи стабилноста на пазарот на труд.
Како потенцијално решение за зголемување на продуктивноста на работниците е воведување на вештачката интелегенција и автоматизација на производството, но тоа досега не ги даде конкретните резултати. Општеството е се повеќе ориентирано на потрошувачите и на Јапонија и е потребна работна сила која заработува и троши пари за да го одржи економскиот раст.
Вештачката интелегенција може да биде дел од решенијата за недостиг на работна сила, но властите се фокусирани на воведување на општествени и структурни промени, како што е зголемување на стапката на женската работна сила, пренесува Б92.
фото freepic