Економија

НОВИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕМИЕР НАЈАВУВА ДАНОЦИ ЗА БОГАТИТЕ

Францускиот премиер Мишел Барние, по претставувањето на новата француска влада во саботата, изјави дека нема да ги зголеми даноците за мнозинството даночни обврзници, но најбогатите ќе мораат да помогнат во затворањето на дефицитот во буџетот.

Најголемата задача на новиот француски премиер е  да го проектира буџетот за 2025 година, во време кога Франција се бори со растечкиот дефицит.

- Нема да им ги зголемувам даноците на Французите, на најскромните, работниците и на средната класа. Но, не може да  ги исклучиме најбогатите воден од напорите да ја подобриме состојбата, изјави Барние за телевизијата Франс 2.

Тој беше водечки преговарач на Европската Унија за Брегзит и како што најави како премиер е подготвен за промени во пензиските реформи на Макрон. Најави и разговори за предлозите на работодавачите и синдикатите во врска со проблемите на вработените мајки и нивниот долг работен стаж. Францускиот премиер се заложи и за прагматични мерки за  ограничување на миграцијата, за што е потребен и „европски договор“, пренесува  „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано