Економија

КИНЕСКАТА БАНКА СО ПАКЕТ МЕРКИ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

Кинеската централна банка го претстави големиот пакет на мерки со цел за заживување на забавениот раст на националната економија. Гувернерот на Народна банка на Кина, Пан Гонгшенг, ги најави плановите за намалување на трошоците за задолжување и овозможување на банките да ги зголемат своите кредитирања.  Централната банка ќе ги намали средствата кои банките мораат да ги држат во резерва и на почеток тоа ќе биде за половина процентен поен помалку. Со ова би се ослободиле околу билион јуани или 128 милијарди евра, пренесува ББЦ.

Од Централната банка на Кина најавуваат до крајот на годината уште едно намалување на задолжителните резерви на банките.

Дел од мерките се однесуваат и на надминување на кризата на пазарот на недвижности со намалување на каматите за хипотекарните кредити. Секторот на недвижности во Кина се бори со големиот пад на продажбата, но и со изградба на објекти од 2021 година. Голем број од градежните компании пропаднаа, бројни објекти останаа непродадени и недовршени градби, пренесува „Финансии.хр“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано