Економија

ИНДИЈА ГО ПРЕДВОДИ ГЛОБАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ, светската економија ќе порасне за 3,2 отсто во 2024, прогнозира ОЕЦД

Глобалната економија годинава ќе порасне за 3,2 отсто, со исто темпо како и во 2025 година, се вели во прогнозата што денеска ја објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Економскиот раст на Кина оваа година ќе биде 4,9 отсто, а следната година ќе забави на 4,5 отсто. Индиската економија ќе порасне за 6,7 отсто во 2024 година и ќе забрза до 6,8 отсто во 2025 година, а економијата на Индонезија за 5,1 отсто оваа година и 5,2 отсто следната година. Се очекува Русија да доживее силен економски раст од 3,7 отсто оваа година, кој сепак значително ќе забави до 1,1 отсто во 2025 година.

Растот е релативно силен во многу земји од Г20, вклучувајќи ги САД, Бразил и Велика Британија, додека послаб резултат е забележан во Германија и значителен пад во Аргентина, се вели во извештајот.

Се очекува еврозоната да порасне за 0,7 проценти оваа година и за 1,3 проценти следната година, бидејќи економската активност ќе биде поддржана со повисоки реални приходи и заеми кои ќе бидат повеќе достапни.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано