Економија

ГУВЕРНЕРОТ НА КАНАДА Е ЗАГРИЖЕН ОД ВЛИЈАНИЕТО НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА НА ЕКОНОМИЈА

Гувернерот на банката на Канада Тиф Маклем изрази загриженост поради потенцијалното влијание на вештачката интелегенција (ВИ) на пазарот на трудот. Гувернерот предупреди дека новата технологија може долгорочно да елиминира повеќе работни места од бројот што ги создава.

Гувернерот на Канада нагласи дека разбирањето и обликувањето на влијанието на пазарот на труд ќе биде се повеќе важно за да може ВИ да се развива и да се шири во економијата.

- Веќе постојат докази дека дигитилано подготвените фирми ги менуваат цените почесто од помалку дигитално интензивните фирми. Вештачката интелегенција може да влијае на нивото на конкурентност на економијата, вели Маклем.

Тој нагласи дека централните банки мораат да разберат како ВИ влијае на инфлацијата, директно преку вкупната понуда и побарувачка, така и индиректно  преку однесувањето во одредувањето на цените. Маклем ги повика академиците да работат со претпријатијата  и со креаторите на политиката како подобро да ја разберат  и да го предвидат влијанието на вештачката интелегенција, објави „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано