Економија

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ЗАТВОРА ПОСЛЕДНАТА ЕЛЕКТРАНА НА ЈАГЛЕН

На 30 септември годинава за затвора последната термоелектрана на јаглен во Велика Британија која го носи називот Ratcliffe-on-Soar. Оваа централа се наоѓа во централна Англија  е со капацитет од 2.000 мегавати, која е во функција повеќе од 60 години.

Со гаснењето на оваа термоелектрана,  Велика Британија ќе биде прва земја во групата на најразвиени светски земји од Г7 кои го напуштаат користењето на јаглен.

Во последната деценија во 2013 година јагленот обезбедуваше 36 отсто од електричната енергија. Лани тој учествуваше со 1,22 отсто од произведената струја, пренесува „Екапија“.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано