Економија

СИЛНИОТ ТУРИСТИЧКИ ПРОМЕТ ВО АЛБАНИЈА ГО ЗГОЛЕМИ РАСТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, според ЕБОР влијание на растот имаат и инвестициите во Србија

Според  анализа на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), растот на Западен Балкан ќе се забрза од 2,5 отсто во 2023 година на 3,4 отсто во 2024 година и 3,7 отсто во 2025 година, поттикнат од силниот прилив на туризам во Албанија, одржливиот раст на потрошувачката во Црна Гора, како и силните инвестиции во Србија.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја објави публикацијата Регионални економски перспективи во која прогнозира дека растот на БДП на Србија ќе достигне 3,8 отсто во 2024 година, пренесува „Данас“.

По растот на БДП од 2,5 отсто во 2022 и 2023 година, српската економија значително порасна на 4,3 отсто на годишна основа во првата половина на 2024 година. Забрзувањето беше поттикнато од услужните активности, главно трговијата, туризмот и угостителството и градежништвото, соопшти ЕБОР.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано