Економија
ГЕРМАНИЈА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА ЗАВРШИ СО ЕКОНОМСКИ ПАД - заедничката прогноза на експертите во германските институти
26.09.2024
Германската економија годинава може да ја заврши со пад за 0,1 отсто, се оцените на водечките германски економски институти во својата заедничка прогноза. Експертите очекуваат слабо заздравување на Германија во 2025 година со раст од 0,8 отсто и забрзување на 1,3 отсто во 2026 година, се наведува во извештајот што е објавен денеска.
Во претходната пролетна прогноза експертите беа поголеми оптимисти и очекуваа дека германската економија ќе забележи раст од 0,1 отсто во 2024 година и 1,4 отсто во 2025 година.
Германската економија покрај економскиот пад се соочува и со структурни промени, смета Гералдина Дани-Кнедлик, раководителка на одделенито за предвидување и економски политики во Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ).
Економијата во Германија стагнира повеќе од две години. Следната година веројатно ќе дојде до поспоро заздравување, но економскиот раст во блиска иднина нема да се врати на својот тренд пред пандемијата со Ковид-19.
- Високото ниво на каматните стапки, со зголемената економска и геополитичка неизвесност, веројатно ќе има големо влијание на инвестициските активности на компаниите и расположението на домаќинствата во нивната потрошувачка, објави Институтот за економсми истражувања ИФО од Минхен, пренесува „Политика“.
фото freepic