Економија

ЦЕНИТЕ НА ЗЕЛЕНЧУКОТ И ЖИТАРКИТЕ ВО ЕУ СЕ НАМАЛИЛЕ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ, највисоки зголемување цените имало во Грција, Ирска и Кипар

Просечните цени во областа на земјоделството во Европската Унија се намалија во вториот квартал во 2024 година, а цената на житарките се намалија за 14 отсто, објави денеска Еуростат.

Големо намалување на цените е забележано и кај јајцата за 15 отсто и на сточната растителна храна за 13 отсто.

Недостигот од маслото од маслинки ја зголеми цената на овој производ за 41 отсто во вториот квартал годинава, а компирот поскапе за 10 отсто.

Во вториот квартал просечната вредност на трошоците на земјоделското производство е намалена за три отсто,  во споредба со истиот квартал во 2023 година.

Цените на овошјето се зголемени за три отсто, додека зеленчукот поскапел за еден отсто. Цената на лимонот се намали за 48 отсто , а кај овошјето од суптропска и тропска клима се намалени за 51 отсто.

Кај зеленчукот, најголем пад на цената има кај кромидот за 46 отсто и кај доматот за 27 отсто.

Најголем пад на цените имало во Унгарија за 13 отсто, Полска 12 и во Чешка за 10 отсто.

Најголемо зголемување на цените  имало во Грција за осум отсто и во Кипар и Ирска за три отсто, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано