Економија
СИРОМАШТИЈАТА ВО АРГЕНТИНА ДОСТИГНА АЛАРМАТНО НИВО
28.09.2024
Стапката на сиромаштија во Аргентина се зголеми од 42 на 53 отсто во текот на првите шест месеци на власта на претседателот Хавиер Милеи, соопшти националната статистичка агенција. Зголемената стапка на сиромашни е последица на примената на најинтензивната програма за штедење во историјата на земјата.
Висината на полугодишната стапка на сиромаштија во 2024 година достигна највисоко ниво од 2003 година, кога Аргентина беше погодена од банкрот предизвикан од високиот надворешен долг и девалвација на валутата, пренесува АП.
Аргентина има долг од 43 милијарди долари, а месечната инфлација во земјата со примената на контроверзната фискална шок терапија се намали од 25,5 отсто во декември минатата година на 4,2 отсто во последните месеци.
Годишната инфлација во Аргентина изнесуваше 230 отсто на годишно ниво. Владата на Милеи ги укина контролите на цените, ги намали субвенциите за енергија и за транспорт и го девалвираше аргентинскиот пезос за 54 отсто во декември минататa година, пренесува Б92.
фото freepic