Финансии / Банкарство

ГЕРМАНЦИТЕ ШТЕДАТ НА ПОГРЕШЕН НАЧИН!

29.09.2024

Германците ја пропуштаат можноста за економски просперитет затоа што штедат на погрешен начин. Германските штедачи лошо инвестираат бидејќи од своите заштеди малку заработуваат. Меѓу нив има ретки лица кои купуваат хартии од вредност, како што се обврзници и акции, се наведува во извештајот на осигурителното друштво „Алианц“ со седиште во Минхен.

Секој жител на Германија во просек има 70 илјади евра заштеди и недвижности чија просечна вредност изнесува 130 илјади евра. Според Светската банка, Германија е трета економија во светот, а нејзините граѓани се на 15 место според индивидуалното богатство.

Економистите на „Алианц“  забележале дека приватните финансиски извори значително се зголемија во целиот свет во текот на минатата година. Меѓутоа, овие средства во Германија се значително помали од пред пандемијата со коронавирусот.

Истражувањата на Бундесбанката, покажува дека во 2021 година граѓаните со ниски приходи  главно штедат за купување на станови, иако нивната цена е многу повисока.  Штедењето во акции е се уште непопуларно, а нив ги купуваат лицата со повисоки приходи, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО