Во Велика Британија денеска е последниот ден од работата на последната електрана на јаглен во близина на Нотингем, која беше во експлоатација 57 години. Еколошките активисти го поздравија затворањето на електраната и политиката на земјата за обезбедување на праведна транзиција за работниците во британската индустрија која го користеше јагленот.
- Денешното затворање на електраната означува крај на една ера и работниците можат со право да бидат горди на својата работа кои обезбедуваа струја повеќе од 140 години. Како држава им должиме на оваа генерација, изјави Мајкл Шанкс, минстерот за енергетика во Велика Британија.
Велика Британија е прва земја која постави краен датум за производство на енергија од јаглен од 2025 година, по воведувањето на построги прописи за намалување на работните часови на своите електрани на јаглен, пренесе „Данас“.
фото freepic