Економија

НАЈНИСКАТА ПЛАТА ВО ЦРНА ГОРА Е 687 ЕВРА, реален раст на августовската плата во Црна Гора

Просечната нето плата во Црна Гора за август изнесува 861 евро и таа е за 1,2 отсто поголема во однос на претходниот месец и за 7,8 отсто од август 2023 година, објави црногорскиот Завод за статистика Монстат.

Потрошувачките цени цо Црна Гора во август 2024 година се зголемени за 0,4 отсто во однос на јули, што значи дека реалните плати на месечно ниво пораснале за 0,8 отсто.

Највисоки плати во ЦГ има во финансиските дејности и осигурувањето  со 1.342 евра, во енергетскиот сектор 1.243 евра и во информатичката и комуникациската дејност од 1.117 евра.

Најниската плата во Црна Гора во август е забележана во преработувачката индустрија во висина од 687 евра, објави Б92.   


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано