Економија

ВО СРБИЈА РЕВИДИРАНА СТАПКАТА НА РАСТОТ НА БДП ЗА 2023 ГОДИНА

01.10.2024

Бруто домашниот производ на Србија во 2023 година прикажан по тековните цени изнесува 8.817.763 милиони динари и во однос на 2022 година  номинално е повисок за 18,2 отсто или реално за 3,8 отсто, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Српскиот завод за статистика спроведе редовна петгодишна голема или бенчмарк ревизија за пресметување на БДП, согласно со програмата на Евростат. Ревидираните податоци за земјите членки на ЕУ се публикувани за периодот 1995-2022 година.

Претходната голема ревизија за пресметка на БДП во Србија е спроведена во 2018 и 2019 година, што е редовна постапка за сите членки на ЕУ поради усвојување на новите методи и подобрување на изворите на статистичките податоци, пренесува РТВ.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано