Економија
СЕПТЕМВРИСКАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА ПАДНА ПОД ДВА ОТСТО
01.10.2024
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во септември, според прелиминарната „флеш“ процена, паднала на 1,8 отсто од августовските 2,2 отсто, објави денеска Евростат.
Прелиминарната проценка на Евростат покажува дека инфлацијата минатиот месец паднала на годишно ниво на 1,8 отсто, што е најниско од април 2021 година. ЕЦБ се обидува да ја задржи инфлацијата на два проценти годишно.
Забавувањето на инфлацијата, статистичарите првенствено го припишуваат на движењето на цените на енергијата, кои поевтинија за шест отсто од септември 2023 година. Услугите се поскапи за четири отсто.
Базичната инфлација, односно потрошувачките цени без енергија и храна, падна за 0,1 процентен поен, на 2,7 отсто, пренесе „Блиц“.
фото freepic