Економија
КИНА ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ЦАРИНИ ОД КАНАДА
02.10.2024
Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради одлуката на Канада да воведе дополнителни царини на електричните возила (ЕВ) произведени во оваа азиска земја, објави денеска Министерството за трговија на Кина.
Пекинг смета дека зголемувањето на царините на кинеските ЕВ и на други производи од челик и алуминиум во Канада претставува „репресивна мера“ која е незаконита.
Канада на крајот на август најави воведување на царински давачки од 100 отсто на електричните возила од Кина и царина од 25 отсто на увоз на челик и алуминиум, а нивната примена стапува на сила на 1 октомври.
Владата во Отава би можела да им понуди на домашните фирми некои олеснувања од дополнителните царини од 25 отсто, изјави канадскиот министер за финансии Кристија Фриленд.
Лани Канада увезе кинески производи од челик, железо и алуминиум за околу 5,6 милијарди канадски долари, односно за 3,7 милијарди евра, пренесе РТВ.
фото freepic