Економија

ПЛАНОТ ЗА ЕУ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО Е НЕДОСТЖЕН

Планот на Европската Унија до 2030 година четвртина од земјоделското земјиште да се користи за органско производство, по се изгледа нема да се оствари, поради слабата поддршка на овој сектор, проценуваат од Европскиот ревизорски суд (ЕЦА).

Во новиот извештај на ЕЦА се наведува дека европската политика и стратегија имаат слабости и повеќе недоследности, а воедно се изразува и сомневање во ефикасноста на поддршката на органското производство. Европските ревизори предупредуваат дека е потребно дуплирање на органското производство за да се оствари зацртаната цел до 2030 година.

Во соопштението на ЕЦА се наведува дека од 2014 до 2022 година  европските земјоделци добиле околу 12 милијарди евра поддршка во рамките на Заедничката земјоделска политика за преминување на органско производство. До 2027 година се планирани дополнителни 15 милијарди евра.

Преминувањето на органско поризводство се разликува меѓу земјите членки на Европската Унија: од помалку од пет отсто од земјоделските површини во Холандија, Полска, Бугарија, Ирска и Малта до повеќе од 25 отсто во Австрија. Во 2022 година органското производство било застапено на 17 милиони хектари, што е 10,5 отсто од вкупното искористено земјоделско земјиште, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано