Економија

ВО СЕПТЕМВРИ НАЈБРЗ РАСТ НА ГЛОБАЛНИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА, најмногу поскапел шеќерот за 10,4 отсто

Светските цени на прехранбените производи во септември забележале најбрз раст во изминатите 18 месеци, соопштија од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Во овој месец поскапеле сите прехранбени производи, а највисок раст има кај шеќерот со 10,4 отсто.

Во септември глобалниот индекс на цените на храната изнесува 124,4 поени, што е за три отсто повеќе во однос на август и за 2,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Цените на житарките се зголемени за три отсто, поради повисоките извозни цени на пченицата и пченката. Цените на растителното масло во септември се зголемија за 4,6 отсто во однос на претходниот месец.

Млечните производи забележале раст на глобалниот индекс на цени за 3,8 отсто, а месото поскапело за 0,4 отсто, пренесе „Данас“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано