Економија

КАКВИ ЌЕ БИДАТ ЕКОНОМСКИТЕ ЕФЕКТИ ОД РУДНИКОТ ЗА ЛИТИУМ ВО СРБИЈА? српски економисти изработиле анализа за оправданоста од рудникот Јадар

Економските ефекти од рудникот за литиум во долината на Јадар во Србија се неизвесни, а во најповолното сценарио  тие би биле занемарливи и на годишно ниво би изнесувала 17,4 милиони евра  или 2,6 евра по клава на жител,     се заклучува во стручната анализа на група економисти под називот „Колку Србија добива од проектот Јадар?“.

Србија треба да сама да ја финансира целокупната инфраструктура, која би се состоела во патишта, пруга, водовод, гасовод, електрична мрежа, за која треба да се издвојат стотина милиони евра.

Приходите за српскиот буџет се сведуваат на 184,5 милиони евра годишно, што е мала сума во однос на обемот на вкупната инвестиција, сметаат авторите на анализата. Најголемиот предвиден приход од рудникот за литиум би бил данокот на добивка и на годишно ниво би изнесувал 85 милиони евра.

Клучната претпоставка за оправданоста на отворањето на овој рудник е цената на литиум карбонат во следните години на експлоатација, која се проценува на 15.600 евра по тон во текот на работа на рудникот. Авторите на анализата сметаат дека оваа цена е „оптимистичка“,  ако се има предвид дека цената на оваа руда за две години се намали и во октомври изнесува 10.300 евра. Дополнителен притисок на глобалната цена на литиумот ќе биде и отворањето на нови рудни наоѓалишта, намаленото количество потребно за производство на батериите и намалената побарувачка за електрични автомобили, сметаат економските експерти во Србија, пренесува „Данас“.


фото freepic   

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано