Економија
ПАЃА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ ВО ЕУ И ГЕРМАНИЈА, вкупниот извоз од Македонија од јануари до август е намален за 5,7 отсто
07.10.2024
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 319 477.5 милиони денари и бележи пад од 5,7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 451 884.3 милиони денари, што е за 0,5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната
Година, покажуваат претходните податоци на Државниот завод за статистика.
Од јануари до август 2024 година извозот од Македонија во Европската Унија како наш најголем трговски партнер е намален за 6,8 отсто, а увозот од ЕУ е зголемен за 4,2 отсто. Македонскиот извоз во Германија бележи пад од седум отсто, а од оваа земја увозот е зголемен за 10,6 отсто за период од осум месеци годинава.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 132 406.8 милиони денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 70,7 %. Во периодот јануари – август 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.
фото freepic