Економија

АНДОНОВСКИ: СЕРИОЗНО РАБОТИМЕ НА ДИГИТАЛНИ ЛИЧНИ КАРТИ И ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ

Наместо ветените 20 елeктронски услуги поставени се 80 нови дигитални услуги за граѓаните и компаниите на порталот uslugi.gov.mk. Бројот на корисници на дигиталните услуги е зголемен за 56 отсто, а вкупниот број на поднесени барања  пораснал за 37 отсто. Дополнително, вклупниот број на корисници на порталот за е-услуги е зголемен за 26,6 отсто, информираше денеска Стефан Андоновски министерот за дигитална трансформација, на  брифингот со новинари по повод 100 дена работа на Министерството за дигитална трансформација. 

Дигитализација на услугите претежно се однесуваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси, Агенцијата за храна  и ветеринарство, а поголема дигитализација е постигната и при аплицирањето за годишните конкурси за финансиски проекти од национален интерес од културата. Целта е до крајот на 2025 година да се постават нови  100 дигитални услуги   нагласи министерот Андоновски, кој ги посочи главните приоритетни активности во наредниот период.

- Аплицираме на програмата на  Европската Унија за мобилна апликација  за административни услуги, односно за проектот Supper App Eli, кој е во рамките на иницијативата за Дигитална Европа. Интензивно работиме на воведување на дигитална верзија на личните карти и возачките дозволи, познати како ИД паричник, што ќе претставува револуција во начинот на кој граѓаните се идентификуваат и пристапуваат до услугите. Овој проект го развиваме во соработка со партнери од Украина, која има најмногу напредувано во примената на оваа платформа, појасни  министерот Андоновски.

Во изминатите сто дена  Министерството за дигитална трансформација се одблокирани повеќе процеси и проекти во делот на дигитализацијата на услугите, како што се и ИПА проектите, а  кои се од витално значење подобро покривање на земјата со широкопојасен интернет.

-  Имаме се уште „бели зони“ во Македонија, кои не се покриени со брз интернет, поради неисплатливоста на телефонските оператори. Покриеноста на  Македонија е околу 85 отсто, а такви места се, на пример Беровското езеро, Попова Шапка, но  и главните урбани центри како што се во Охрид и Битола. Намерата ни е да помогнеме во поставувањето на базни станици на државни институции, затоа што постапките од општините се многу долги  и го онезвожуваат побрзото воведување на брз интеренет на целата територија. Целта ни е да создадеме услуги за привлекување на лица кои се од итнернет индустријата, туристите и компании  за да можат да го развиваат својот бизнис од овие места, изјави Андоновски.

Во врска со прашањето за намалување на трошоците за компаниите и за граѓаните од користењето на дигиталните услуги, министерот одговори дека „најголема економска корист од дигитализацијата е заштеда на време, но и на материјалните трошоци во хартија и сл“.

-  Засега бројот на корисниците на дигиталните услуги е мошне мал за да може да се размислува и за намалување на трошоците за вадење на лични и други документи. Но, висината на надоместот за вадење на овие документи зависи и од ресорните министерства, за што ќе се разговара во наредниот период, одговори министерот Стефан Андоновски.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано