Економија
Царинска управа: Отежнат товарниот сообраќај на Табановце
09.10.2024
Царинската управа ги известува економските оператори дека е отежнат товарниот сообраќај на излез од државата на граничен премин Табановце.
Како што наведуваат од Царинската управа, отежнувањето на товарниот сообраќај е заради реконструкција нa дел од инфраструктурата на граничниот премин од страна на Република Србија.
Извор/фото МИА