Економија
ВЛАДАТА ВО БЕРЛИН ОБЈАВИ: ПАД НА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ОД 0,2 ОТСТО
09.10.2024
Владата во Берлин денеска ја објави прогнозата во која се наведува дека економијата на Германија годинава ќе забележи пад за 0,2 отсто. Економскиот пад е продолжување на минатогодишниот негативен раст на економијата од 0,3 отсто. Новата прогноза е дека германската економија ќе расте за 1,1 отсто во 2025 година и ќе го забрза растот на 1,6 отсто во 2026 година.
Прогнозата е ревидирана надолу во однос на април кога германскиот министер за економија Роберт Хабек очекуваше раст од 0,3 отсто во 2024 година.
Министерот Хабек во соопштението за јавноста наведе дека Германија ќе мора итно да ги решава своите структурни проблеми, како што е недостиг на енергетска безбедност, преголема бирократија и недостатот на квалификувани равботници. Дополнително, неповолно влијание има и геополитичката неизвесност, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic