Економија

ПОРТУГАЛИЈА САКА ДА БИДЕ „ДАНОЧЕН РАЈ“ ЗА МЛАДИТЕ ЛИЦА, земјата се соочува со висока стапка на емиграција

Владата на Португалија сака да ги намали даноците за приходите на младите лица кои ја почнуваат кариерата за период од десет години, а првата година тие не би плаќале никаков данок. Претставниците на португалската власт се надеваат дека оваа даночна политика ќе го намали егзодусот на младите работници од една од најсиромашните економии во Европската Унија.

Даночните намалувања се во спротивност со потребите на Португалија за да го отплати националниот долг и да ги финансира поголемите јавни инвестиции. Португалската влада проценува дека олеснувањата за младите ќе ги намали даночните приходи за околу 650 милиони евра на годишно ниво.

Португалија се соочува со висока стапка на емиграција и се проценува на 25 отсто од вкупното население кое живее во земјата. За 15 години земјата ја напуштиле 361 илјада лица на возраст меѓу 15 и 35 години.

Новите даночни олеснувања за младите ќе им бидат достапни и на странските државјани кои ќе се доселат во оваа земја. Работник во Португалија со просечна плата од околу 20.000 евра плаќа највисока стапка на данок на приход од 26 отсто. За плата од 21.000 до 27.000 евра се пресметува даночна стапка од 32,75 отсто, пренесува „Блиц“.


фото freepic    

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано