Економија

ММФ БАРА ОД ТУРЦИЈА ПОБРЗО ДА СЕ СПРАВИ СО ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја повика Турција да ја забрза борбата против инфлацијата, а како критичен момент се споменува најавеното зголемување на платите.

- Постепениот пристап на власта против инфлацијата го продолжува периодот во кој можат да продолжат ризиците, соопштија од ММФ.

Од ММФ препорачуваат „крупни и однапред поставени чекори“ за намалување на буџетскиот дефицит  и ги повика властите да продолжат со координирани фискални и монетарни интервенции, како и за поголема контрола во приходите.

Турција два пати ја зголеми минималната плата во 2023 година во обид да им помогне на работниците,  кои се соочуваат со зголемени трошоци на живот во изборната година. Годинава минималната плата во Турција беше зголемена само еднаш, наспроти барањата на синдикатите и на опозициските партии, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic    

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано