Економија
ЦЕНАТА НА НАФТАТА ВО ПОРАСТ
14.10.2024
На светските пазари цената на нафтата се зголеми, втора недела по ред, поради состојбата на Блискиот Исток.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 1,3 отсто, односно на 79,04 долари за барел, а на американскиот пазар барелот поскапе за 1,6 отсто на 75,56 долари. Претходната недела нафтата поскапе за осум отсто.
Поголемиот раст на цената на нафтата се должи на загриженоста околу побарувачката на нафта. Американското министерство за енергетика ја намали процената за раст на домашната и светската потрошувачка за следната година, поради послабите економски активности во Кина и Северна Америка.
Кина најави посилна монетарна и фискална политика за да го забрза економскиот раст на земјата. Но за тоа е потребно неколку месеци за да се видат резултатите од новите мерки кои се најсилни од периодот по пандемијата со коронавирусот.
Од друга страна има зголемување на понудата на нафта, поради производството на либиската компанија на 1,22 милиони барели дневно. Производството на нафта во Либија поради внатрешните судири беше намалено на 400 барели дневно, пренесува „Индекс.хр“.
фото freepic