Економија
НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ЕКОНОМИСТИТЕ КОИ ЈА ИСТРАЖУВАЛЕ НЕЕДНАКВОСТA ВО БОГАТСТВАТА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ
14.10.2024
Американските економисти Дарон Аџемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс А. Робинсон се годинашните добитници на Нобеловата награда за економија за нивите остварувања во научниот труд за нееднаквоста на богатствата меѓу нациите.
Академиците помогнаа да покажат зошто општествата со „лошо владеење на правото и институциите кои го искористуваат населението не генерираат раст или промени на подобро. Тие ја докажаа важноста од општествените институции за просперитетот на нациите“, изјавија од Одборот за доделување на Нобеловата награда.
Дарон Ацемоглу и Сајмон Џонсон се професори од Американскиот универзитет во Кембриџ, Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) , а Џејмс А. Робинсон е професор на Универзитетот во Чикаго, директор на Пирсон интитутот за проучување и решавање на глобалните судири, специјализиран за економиите во подсахарска Африка и Латинска Америка.
Најбогатите 20 отсто од земјите во светот сега се побогати за 30 пати од најсиромашните 20 отсто, истакнаа од Одборот за Нобелова награда.
Добитниците на наградата од економијата објаснија дека политичките и економските системи , кои ги вовеле земјите колонизатори во 16 век играат клучна улога во оваа нееднаквост. Местата кои биле најбогати во време на колонизацијата во релативна смисла сега се меѓу најсиромашните, пренесува „Сеебиз“.