Економија
ОПЕК ПОВТОРНО ЈА НАМАЛИ ПРОГНОЗАТА ЗА ГЛОБАЛНАТА ПОТРОШУВАЧКА НА НАФТА
15.10.2024
Организацијата на земјата извознички на нафта (ОПЕК) го објави октомврискиот извештај во кој повторно ја намали прогнозата за растот на потрошувачката на нафта во 2024 и 2025 година. Од ОПЕК очекуваат дека глобалната потрошувачка на нафтата ќе порасне за 1,93 милиони барели дневно, а во однос на прогнозите во септември е намалување за над два милиони барели. Ревидираниот раст е поради последиците од слабата побарувачка за енергенти во Кина.
Предвидувањата на ОПЕК се дека кинеската потрошувачка за нафта годинава ќе достигне 580.000 барели дневно. Во септември се проценуваше дека потрошувачката во оваа земја ќе изнесува 650.000 бпд.
ОПЕК направи и блага надолна корекција на прогнозата за раст на потрошувачката за нафта во 2025 година од 1,74 милиони барели дневно на 1,64 милиони бпд. Светскиот економски раст годинава ќе изнесува три отсто и ќе има благо намалување во 2025 година на 2,9 отсто, пренесува „Политика“.
фото freepic