Економија
ПАД НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ, цените на храната растеле со 0,5 отсто на меѓугодишно ниво
15.10.2024
Годишната стапка на инфлација во Франција во септември се намали на 1,1 отсто и е најниска од јули 2021 година. Објави денеска францускиот Национален институт за статистика и економски истражувања (ИНСЕЕ).
Инфлацијата во август во Франција изнесуваше 1,8 отсто, додека падот на инфлацијата во септември се должи на падот на цените на енергијата за 3,3 отсто, посебно на нафтените деривати.
Цените во секторот на услугите се зголемени за 2,4 отсто, додека цените на храната растеле со исто темпо како и минатиот месец , за 0,5 отсто на меѓугодишно ниво. На месечно ниво цените во септември се намалени за 1,2 отсто, што е најбрзо темпо од почетокот на деведесетите години од минатиот век.
Овој месечен пад на цените во Франција се објаснува со намалување на цените на услугите за 2,2 отсто, посебно во туризмот и авионскиот сектор по завршување на сезоната на празници, како и за Олимписките и Параолимписките игри во Париз, пренесува „Фигаро“.
Банката на Франција предвидува раст на инфлацијата на 1,9 отсто во 2026 година.
фото freepic