Економија

ЛУКСЕМБУРГ, ХРВАТСКА, ДАНСКА И ГРЦИЈА СО НАЈВИСОК ПАД НА ПРОИЗВОДСТВОТО, на ниво на Европската Унија производството е зголемено за 1,3 отсто

Индустриското производство во еврозоната во август се зголеми за 1,8 отсто во споредба со претходниот месец. На ниво на Европската Унија производството е зголемено за 1,3 отсто. Највисок раст е забележан кај производството на капитални добра за 3,7 отсто во еврозоната и за 3,6 отсто во ЕУ. Во секторот за енергетика растот од 0,4 отсто во еврозоната и 0,2 отсто во Унијата, објави Евростат.

Највисок раст на индустриското производство во август имале  Ирска (4,5 отсто), Германија (3,3 отсто), а најголем пад имало во Луксембург за 9,2 отсто. Хрватска во август оствари пад на индустриското производство од 4,6 отсто. Значително намалување на производството има и во Данска и Грција со намалување од 4,5 односно 4,4 отсто, објави „Индекс“.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО