Економија

ВО КОИ ЗЕМЈИ СЕ „НАЈРАБОТЛИВИТЕ “ РАБОТНИЦИ!

Хрватите се меѓу „најработливите“ народи во светот според бројот на часови поминати на работа во текот на годината. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) хрватските граѓани се на 9-то место во светот со 1.837 работни часа годишно. На прво место се жителите на Мексико со 2.207 часа, потоа следат работниците од Костарика со 2.171 часа и од Чиле со 1.953 часа.

Грците се на високото четврто место на листата со  1.897 работни часа, а во првите десет земји не се Германија и Шведска, а кои се постои мислење дека се најработливите земји во светот.

Бројот на часови за вработените со полно работно време во текот на неделата или годината се разликува од земја до земја. Во некои земји просечното работно време  во една седмица се движи околу 40 часа, а во други изнесува над 50 работни часа.

Организацијата за економска соработка и развој ги евидентира податоците за просечното годишно работно време за своите земји членки. Просечните работни часови се пресметуваат така што вкупниот број на остварени работни часови се делат со просечниот број на вработени во текот на годината. Во реални одработени часови влегува редовното работно време на работниците со полно или скратено работно време, платените и неплатените прекувремени часови, часовите на дополнителните работни задачи, но  и го исклучува времето кое не е одработено поради празници, боледувања, родителски одмори или обуки, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО