Економија
БИСЛИМОВСКИ: ЗА ПРИМЕНА НА ТАКСАТА ЗА CO2 ПОТРЕБНА Е СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД ЕУ
16.10.2024
Пред Регулаторната комисија за енергетика и другите регулаторите од земјите во Балканот беа презентирани искуствата во земјите од Италија и Грција, за системот за воведувањето на таксата за CO2, кој се применува од страна на Европската Унија. Македонија презема обврски од пакетот за чиста енергија и за пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија да се имплементира во текот на 2023 и 2024 година. Но, производството на електрична енергија во земјите од регионот се базира на термоелeктраните и примената на оваа такса ќе направи сериозен притисок на самите економии. Затоа, треба отворено да се доскитура со анализи со претставници на ЕУ кога и како да се примени оваа обврска од земјите од регионот, изјави Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.
- Ова е сериозна реформа и треба да се разгледа прашањето дали треба драстично да се почне со примената и во нашиот регион. Доколку се примени обврската од 1 јануари 2026 година ќе ни треба сериозна подготовка и добивање на финансиски средства од ЕУ, како што беше направено и за сите земји членки на Унијата, вели Бислимовски.
Примената на оваа такса е на два начини. Едниот е преку директно пресметување на таксата од 60 евра за мегават час на произведената струја од термоелектраните. Вториот пристап се однесува на тоа што на секој производ од Македонија ќе се плаќа дополнителна такса при извозот во секоја од земјите од Европската Унија.
- Сите земји од Балканот направиле многу за да го имплементираат европското законодавство во енергетиката, но ова пресметувањето на таксата може да направи многу проблеми за економиите во земјите од регионот и фирмите да ги изложи на дополнителни трошоци, дополнува Бислимовски.
Фото МИА