Економија

ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР ЌЕ СВИКА СОСТАНОК ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВ ИНДУСТРИСКИ МОДЕЛ ЗА „СПАС НА ЕКОНОМИЈАТА“

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ги повика најголемите деловни здруженија и синдикатите во земјата на состанок овој месец, заради формирање на нова политика за спас на индустријата во најголемата европска економија.

Високите трошоци за енергија, слабата глобална потрошувачка, иницијативата за економија со ниска емисија на штетни гасови и растечката конкуренција од Кина, се најважните прашања за германската економија и поставување на нов индустриски модел, кој ќе биде извозно ориентиран, нагласил германскиот канцелар, пренесува „Капитал.ба“.

Посебно мораме да се бориме за индустријата овде во Германија, Германија е индустриска земја, изјави Шолц во говорот во парламентот, и потсети дека клучно прашање е обезбедување на евтина енергија.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО