Економија

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ГИ ПРЕСУШИ РЕЧНИТЕ КОРИТА ВО СВЕТОТ, минатата година беше најтопла, а зголемени температури придонесоа за продолжени суши

Во 2023 година речните корита во светот биле најсушни во последните три децении. Во исто време глечерите се намалиле најмногу од својот „обем“ во последните пет децении, покажуваат извештаите на Цветската метеоролошка организација (СМО).

Оваа состојба се одрази на намалување на водата за заедниците, земјоделството и екосистемите, а тоа дополнително влијае на глобалните залихи на вода, пренесува „Балкан грин енерџи“.

Минатата година беше најтопла во досегашната историја, а  зголемени температури придонесоа за продолжени суши. Меѓутоа, лани имаше и значителен број на поплави во светот.

Екстремните хидролошки случувања беа под влијание на природните климатски услови и ураганите, како и од климатските промени предизвикани од делувањето на луѓето.

Имаме сигнали за опасност во облик на екстремни врнежи, поплави и суши, кои предизвикуваат тешки последици за животот, екосистемите и економиите. Топењето на глечерите се заканува на долгорочната сигурност во водоснабдувањето за милиони луѓе, а ние не преземаме неопходни акции кои се неодложни, изјави Андреа Селест Сауло, генерална секретарка на ВМО.

Поради порастот на температурата има забрзување на хидролошкиот циклус, кој е непостојан и непредвидлив.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО